Фудбал
Неверојатниот Суарез го сруши рекордот на Роналдо!
Атлетико Мадрид синоќа само ремизираше против Селта Виго. Беше 2:2, а Луис Суарез повторно беше одличен, постигнувајќи два гола за Мадрид.
Суарез на тој начин излезе со 16 голови на првите 17 првенствени натпревари за Атлетико.
Така, тој стана играчот кој постигнал најбрзо 16 голови во Лигата во 21 век.
Уругваецот го сруши рекордот на Кристијано Роналдо, кој постигна 15 гола на првите 17 натпревари за Реал во сезоната 2009/10.
Тој досега беше рекордер, но Суарез реши да направи вистинско мало чудо и да го сруши тој рекорд.
Атлетико во моментов е лидер на табелата во Примера со седум бода предност пред Барселона и Реал.