Фудбал
Фудбалерите на Баерн поради задоцнување од три минути на крајот мораа да останат седум часа на аеродромот
Фудбалерите на Баерн пристигнаа во Доха во саботата за да учествуваат на Светското клупско првенство.
Фудбалерите на Баерн требаше да патуваат директно во Доха во петокот по натпреварот против Херта од Берлин, но тоа не се случи и само еден ден подоцна стигнаа до крајната дестинација.
Клубот потоа потврди дека тимот поминал седум часа на аеродромот во Берлин, а утрото после тоа се вратиле во Минхен за да го заменат екипажот, а потоа конечно отпатувале за Доха.
Имено, дури сега се појавија информации зошто Баварците не отишле во Доха таа вечер. Грешката ја направија пилотите кои побараа дозвола за полетување три минути по полноќ, а тоа беше одбиено бидејќи аеродромот во Берлин има забрана за полетување помеѓу полноќ и пет наутро поради заштита од бучава на локалното население.
Поради тие три минути, играчите на Баерн на крајот останаа на аеродромот седум часа и ја поминаа ноќта во авионот.