Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барселона постави докази дека биле оштетени за пенал во Севилја

Екипата на Барселона синоќа беше поразена од Севилја со 2:0 во првиот полуфинален дуел од Купот на кралот.

Значи, каталонскиот великан дојде на работ на испаѓање од ова натпреварување и ќе им треба навистина голем пресврт во реваншот за да се вклучат во борбата за трофејот.

Барселона имаше многу забелешки на судењето на Антонио Матео Лахоз. Тие веруваат дека ги оштетил за пенал и дека дуелот помеѓу Жорди Алба и Сусо го извлекол надвор од казнениот простор.

„Имаше пенал што судијата не го досуди за нас. Ќе го анализираме натпреварот, но пред нас има нови натпревари за само неколку дена. Ова е згуснат распоред и е многу лошо за играчите“, рече тренерот на Барселона, Роналд Куман, по натпреварот.

Барселона решив да сподели доказ дека пеналот навистина постоел. Тие го објавија видеото од друг агол на официјалната веб-страница и на тој начин покажаа дека се оштетени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)