Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонија во фокусот на УЕФА, Пандев, Барди, но и Артим Шаќири од корнер

УЕФА објави факти за репрезентацијата на Македонија за дебитанскиот настап на Европските првенства. Како што велат од Европската куќа на фудбалот, клучни играчи се Горан Пандев и Енис Барди. Воедно објавија неколку интересни факти, за нас познати, но не и за европската светска јавност. Како на пример, дека Зоран Бошковски е стрелец на првиот гол за репрезентацијата во историјата и тоа на пријателски меч во Крањ, кога победивме со 1:4. Но, стрелец на првиот гол во квалификациски мечеви е Митко Стојкоски против Данска во 1994-та.

Спомнат е Артим Шаќири за голот од корнер против Англија во Саутемптон, но и историски најголемата победа против Лихтенштајн на гости од 11:1.

Повеќе на следниот ЛИНК.