Фудбал
ВИДЕО: Ако продолжи вака титулата е тука, нова победа на Атлетико Мадрид
Нова победа на Атлетико Мадрид. Овој пат против Гранада со 2:1 на гостински терен. „Јорганџиите“ сега имаат 54 бодови, осум повеќе и натпревар помалку од второпласираниот Реал Мадрид. Доколку продолжат вака само чудо може да ги спречи да не ја освојат титулата.
Инаку, на денешниот меч за Атлетико Љоренте и Кореа ги постигнаа головите, додека Гранада само успеа да израмни на 1:1 преку Ерера.