Фудбал
Реал Мадрид сака да му ја намали платата на Рамос, за да му плати на Герет Бејл
Реал Мадрид е во финансиска криза. Бара од играчите да се согласат за намалување на платите. Според мадридски „АС“ раководството на клубот побарало Рамос и Васкез, со кои се преговара за нови договори, да ги намалат побарувањата за својата плата. Причина за тоа е да може да собере пари и да го плати Герет Бејл, кој треба да добие 30 милиони евра за сезоната 2021/2022.
Велшанецот има лоши односи со тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, па најверојатно ќе биде со Реал следната сезона. Исто така, можно е мадридскиот клуб предвреме да го раскине договорот со играчот, но во овој случај клубот ќе треба да му ја исплати целата преостаната плата според договорот.
Сепак, не се знае дали Рамос ќе прифати такво нешто, кој наводно искажал негодување за плановите на Реал Мадрид да ги ангажира Килјан Мбапе и Ерлинг Халанд, а има голема финансиска криза.