Фудбал
ВИДЕО: Енис Барди го „тресеше“ лидерот во Шпанија
Содржаен, интересен меч, со многу шанси и два гола одиграа Леванте и Атлетико Мадрид. Лидерот во шпанската Ла Лига не успеа да победи иако имаше доста шанси. Мора да се признае дека оваа вечер беше на голманите на двете страни кои се истакнаа со по неколку одлични интервенции.
Леванте поведе со голот на македонскиот репрезентативец Енис Барди по една контра во 17-та минута. Во 37-та Љоренте израмни на 1:1.
Во продолжението се редеа шанси, но сепак мрежите мируваа. Ова е прв гол на Барди во оваа сезона за Леванте во Ла Лига. Подолго време беше повреден, па пропушти неколку мечеви.
Атлетико Мадрид остана лидер со 55 бодови, додека Леванте е на 11-то место со 28 бодови.