Фудбал
ВИДЕО: Навреди за Ибрахимовиќ на мечот со Црвена Звезда, но од кого ако немаше навивачи?!
Црвена Звезда и Милан синоќа одиграа 2:2 во првиот меч од шеснаесетфиналето од Лига Европа. Мечот се одигра без публика, но сепак стигнаа навреди на адреса на Ибрахиновиќ. Имено тој не настапи на овој меч, Пиоли го чуваше за дербито со Интер во недела, а седеше на трибините каде беа сместени и останатите играчи на Милан.
Сепак во еден момент се слушнаа навреди на негова адреса. Медиумите велат дека неколку навивачи, оние најверните од „Делии“ успеале да влезат на стадионот и да се сместат во ложата. Ако тоа биде така, тогаш Црвена Звезда ја чека голема казна.