Фудбал
ВИДЕО: Јувентус го прегази Кротоне и се доближи до Милан и Интер
Фудбалерите на Јувентус стигнаа до рутинска победа од 3:0 во 23.коло од Серие А против Кротоне. Уште од првата минута Јуве наметна свое темпо во пресметката со последнопласираната екипа, па на крајот секако победата не беше доведена под знак прашалник. Два гола постигна Кристијано Роналдо, а еден беше дело на МекКени.
Јувентус со оваа победа собра 45 бодови, четири помалку од Милан, а осум од Интер. Сепак „Старата дама“ има и натпревар помалку од тимовите од Милано.
Во следното коло Јуве игра против Верона.