Connect with us

Фудбал

Поседувал детска порнографија, почнува судењето на екс фудбалерот на Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Кристоф Мецелдер е уапсен пред неколку месеци и сега му се заканува затворска казна. На првиот распит тој призна вина дека поседувал дури 297 фајлови со детска порнографија како и 29 фотографии и видео записи кои преку WhatsApp ги праќал на неколку жени.

Судењето ќе почне на 29-ти април, а последното рочиште е закажано за 10-ти мај по што се очекува да биде донесена пресуда. Мецелдер (40) во кариерата играл за Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Шалке, а дресот на Германија го носеше на 47 мечеви.