Connect with us

Фудбал

Роналдо постигнал гол против 78 тимови, но еден играч и натаму е пред него

Португалецот Кристијано Роналдо со 17 погодоци засега е најдобар стрелец во Серие А, но и на Јувентус. На последниот меч во победата против Кротоне постигна два голов.

Па така со ова Роналди ги заокружи сите „мети“ што се однесува до Серие А, бидејќи нема клуб во најдобрата италијанска лига против која не постигнал гол.

Исто така по дуелот со Кротоне, Роналдо стигна до импресивна бројка од 78 клубови против кои постигнал гол од петте најсилни лиги. Но, сепак тој не е прв. Прв на оваа листа е Златан Ибрахимовиќ кој успеал да постигне гол против 79 различни тимови само од петте најсилни лиги во Европа.