Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Станковиќ збесна, да можеше ќе го „убиеше“ судијата

Тренерот на Црвена Звезда, легендарниот Дејан Станковиќ во исто време е бесен, но и како што вели горд на играчите. Причината зошто е револтиран е тоа што судијата на овој меч не дозволи на Црвена Звезда во финишот да изведе корнер. Во моментите кога тимот од Белград напаѓаше, тој покажа на корнер знаменцето, но веднаш потоа означи крај, како да се исплаши дека Милан ќе прими гол па Црвена Звезда со 2:1 би се пласирала во осминафиналето. Но, од друга страна како што вели е горд што со италијанскиот великан неговите фудбалери покажале карактер. Двата меча завршија без победник, во Белград 2:2, во Милано 1:1.

„Секако дека сме вознемирени поради тоа што требаше да добиеме последна шанса на натпреварот. Жал ми е поради корнерот, но нема да плачам. Требаше да ни дозволи да го изведеме корнерот, изјави Станковиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Arena Sport TV (@arenasporttv)