Фудбал
Јувентус за шест месеци загуби над 100 милиони евра!
Актуелниот италијански шампион Јувентус тоне во долгови. Како што пишуваат италијанските медиуми за шест месеци „Старата дама“ загубила неверојатни 113 милиони евра. Приходите се 258,3 милиони евра, што секако е помалку, бидејќи во истиот период претходната година биле 322, 3 милиони.
Причините за ова се гледаат во пандемијата со Ковид 19, празните стадиони, непродавањето влезници, реквизити за време на мечевите, реклами и слично.
Сепак, ситуацијата е слична и со другите тимови не само во Италија, туку во цела Европа.