Connect with us

Фудбал

Лаутаро Мартинез призна дека се договорил со Барселона, но каталонскиот тим немал пари да го плати

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, кој игра во добра форма оваа сезона, има постигнато 13 голови и 4 асистенции во Серие А, конечно признал дека во 2020-та година бил на чекор до преселба во Барселона.

Неговите агенти работеле на овој случај, но на крајот трансферот не се реализирал. Причина е откупната клаузула односно 111-те милиони евра, а поради пандемијата со коронавирус Барселона немала толку пари.

 

– Вистина е, моите агенти и јас преговаравме со Барселона минатата година. Не можам да кажам колку бевме блиску до реализација на трансферот, но знам дека тоа сега е минато. Мојата желба е да потпишам нов договор со Интер – изјави Лаутаро Мартинез.
Аргентинскиот репрезентативец исто така откри дека ги договорил личните услови со Барселона за петгодишниот договор, но двата клупа не најдоа заеднички јазик за плаќањето на отштетата по што трансферот не се реализира.