Фудбал
ВИДЕО: По четири месеци Серхио Агуеро се врати во првиот состав, Манчестер Сити продолжува победнички
Манчестер Сити продолжува со победничките игри. Попладнево го совлада Вест Хем на домашен терен и стигна до 62 бода. Како играат избраниците на Пеп Гвардиола можеби уште сега може да се каже дека тие ќе бидат шампиони. Диаз и Стоунс стрелаа за Сити, додека за Вест Хем погоди Антонио.
Мечот го одбележа и враќањето на Серхио Агуеро во првиот тим и тоа по пауза од четири месеци поради повреда. Ова не е прв меч на Аргентинецот по повредата, играше и против Менхенгладбах во Лигата на шампионите, но во игра влезе во последните десетина минути од мечот.