Фудбал
Тухел со провокација во пресрет на дербито со Манчестер Јунајтед: Нивната ѕвезда можеше да заврши кај мене
Челзи и Манчестер Јунајтед попладнево го играат дербито на колото во Англија, но и дербито на викендот во најсилните пет лиги. Новиот тренер на „сините“ со мала провокација во пресред на овој дуел кој се игра во 17:30 часот.
Томас Тухел изјави дека сегашната ѕвезда на Јунајтед, Фернандеш можел да заврши кај него во ПСЖ.
„Се боревме со сите сили да го доведеме во ПСЖ. Го следевме на неколку натпревари, тогашниот директор Ентеро Енрике го познаваше и вложи многу труд да го доведе. Стапивме во контакт со неговиот агент, но лично не сум зборувал со него. На крајот тој одлучи да оди во Манчестер Јунајтед, вели Тухел.