Connect with us

Фудбал

Марсеј ја потврди разделбата со Вилаш-Боаш

Андре Вилаш-Боаш повеќе нема да биде тренер на францускиот великан.

Марсеј е очаен оваа сезона, а цената ја плати пред сè португалски стручњак, кој денес беше официјално отпуштен.

Клубот од „Велодром“ објави соопштение во кое потврди дека португалскиот тренер го напушта клубот по 19 месеци, а соработката е раскината со договорено раскинување на договорот.

Марсеј во моментов е седми на табелата со 20 бода заостанување зад водечкиот Лил, кој гостува утревечер.

Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли ќе го наследи Вилаш-Боаш на клупата на сопнат гигант кој испадна од сите натпреварувања и тешко дека може да стори нешто повеќе во Лига 1.