Connect with us

Фудбал

Човекот кој ја „ремонтираше“ Барселона е нов претседател, дали Меси останува?

Хуан Лапорта се врати на претседателската функција во Барселона. Човекот кој оваа функција ја извршуваше успешно од 2003-та до 2010-та, практично е тој што ја ремонтираше Барселона која под негово водство бележеше фантастични резултати. По неговото заминување се тргна надолиу, но еве сега е избран повторно за претседател, а вакво нешто се очекуваше со оглед на тоа дека беше најголем фаворит.

Сигурно дека пред него е голема работа, но најважното е дали Лионел Меси ќе остане. Во неговиот мандат како претседател Барселона освои дури 12 титули. Четири во Ла Лига, две Лига на шампиони, три Суперкупа на Шпанија, Купот на Кралот, УЕФА Суперкуп и ФИФА светското клупско првенство.