Фудбал
Лапорта веќе подготвил спектакуларно засилување
Хуан Лапорта се врати на претседателската функција во Барселона, која со успех ја извршуваше од 2003-та до 2010-та година.
Славеше вчера на изборите, а веќе денеска медиумите пишуваат дека имал подготвено спектакуларно засилување. Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта во изминатата недела имал разговор со застапниците на Алаба, со кои разговарал за условите под кои овој фудбалер би се преселил на „Камп Ноу“.
Алаба е на мета на Реал Мадрид, а Лапорта наводно ги замолил менаџерите на Алаба да почекаат тој да победи на изборите и потоа да тргнат во вистински преговори.