Фудбал
Крај на неверојатната серија на Кристијано Роналдо и Лионел Меси која траеше 16 години
Јувентус и Барселона не успеаја да се пласираат во осминафиналето од Лигата на шампионите. Прв пат по 16 години Кристијано Роналдо и Лионел Меси нема да играат во четвртфиналето. Последен пат тоа се случи во сезоната 2004/05. Кристијано Роналдо тогаш играше за Манчестер Јунајтед и беа елиминирани од Милан во осминафиналето во два меча со идентичен пораз од 1:0.
Од друга страна, Барселона во истата сезона е елиминирана од Челзи. Иако Меси не беше во сериозни планови на Франк Рајкард тогаш, сепак и ова се смета бидејќи беше на списокот на играчи во ЛШ.