Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Лаутаро Мартинез со фантастичен гол му донесе нова победа на Интер, осма во низа

Екипата на Интер ја забележа осмата победа во низа во Серие А. Попладнево на гостувањето кај Торино славеа со 2:1. Лукаку од пенал донесе предност во 62-та минута. Торино успеа да израмни осум минути подоцна, но сепак во 85-тата минута по центаршутот на Санчез, Лаутаро Мартинез со прекрасен гол со глава донесе ново водство и победа од 2:1 за Интер. Со оваа победа Интер собра 65 бодови, девет повеќе од Милан, а 13 повеќе од Јувентус, кои вечерва го играат нивниот меч од ова коло.

Standings provided by SofaScore LiveScore