Connect with us

Фудбал

Ван де Бек сака да замине од Манчестер Јунајтед

Според англиските медиуми, холандскиот репрезентативец Дони ван де Бек е незадоволен од статусот во тимот. Поради тоа, наводно изразил желба да замине. Иако неговиот договор е со важност до 2025-та, сепак Холанѓанецот сакал предвреме да ја раскине соработката.

Поради насобраното незадоволство и можноста да не добие повик во репрезентацијата која ќе игра на ЕУРО 2020 тој бил подготвен да замине во некој друг клуб.

Пред да потпише со Манчестер јунајтед, тој долго време се поврзуваше со Реал Мадрид.