Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ се договори со Милан

Италијанскио весник „Република“ објави екслузивна информација дека Златан Ибрахимовиќ се договорил со Милан, па ќе остане на „Сан Сиро“ уште една сезона. Неговиот договор му истекува во јуни, но тој и раководството на „Росонерите“ се договориле да продолжат да соработуваат уште една сезона, односно до 2022 година.

Ова значи дека повторно ќе го гледаме Ибрахимовиќ во Лигата на шампионите, ако се знае дека во моментов Милан е втор на табелата, се уште има шанси за титулата, но она што е сигурно е тоа дека ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите.