Connect with us

Фудбал

Доктор со шокантни прогнози за Азар: Ако отиде на операција, никогаш нема да заигра повеќе

Фудбалерот на Реал Мадрид Еден Азар се подготвува за нова операција. По трет пат Белгиецот го повреди истиот зглоб, а докторот Хозе Гонзалес јасно порачува дека операција во овој случај не доаѓа во предвид, бидејќи за Азар тоа би можело да значи крај на кариерата.

-Трета операција на зглобот на Азар е многу ризична бидејќи постои можност по операцијата никогаш повеќе да не заигра, изјави доктор Гонзалез додавајќи:

-Без операција ќе може да тренира неколку месеци, но не и да игра. Од искуство ви кажувам дека Азар оваа сезона нема да може да игра за Реал Мадрид.

Воедно докторот испрати јасна порака до Белгиецот.

-Додека не биде 100 посто спремен, не би се враќал на теренот. Кога играчот се враќа по долго отсуство во кое не тренирал, нормално е дека повторно ќе се повреди, вели Гонзалес.

Азар вкупно одигра 36 мечеви за Реал Мадрид и постигна 4 голови.