Connect with us

Фудбал

Јувентус му даде отказ на Сари, па сега му плаќа мало богатство

Маурицио Сари минатата година доби отказ на клупата на Јувентус по само една сезона помината на оваа функција. На него место назначен е Андреа Пирло. Искусниот Сари се уште е без работа, но не му се брза, бидејќи од Јувентус доби огромна сума на пари поради отказот.

Отказот му е врачен на 8-ми август минатата година, неколку дена откако го освои Скудетото. Италијанските медиуми објавија дека Сари за обештетување добил многу повеќе пари отколку што се мислеше.

Тој имаше договор до 2022 година, кој се уште секако е на сила, па Јуве уредно му ги исплатува парите. Наводно Сари од отказот ќе заработи дури 17,3 милиони евра, па јасно е зошто не му се брза со нова работа.