Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Како „резервистот“ Погба го елиминираше Милан

Манчестер Јунајтед го елиминираше Милан во осминафиналето во Лига Европа во дербито на вечерта. Првиот меч на „Олд Трафорд“ заврши 1:1, па „Росонерите“ имаа мала предност на реваншот. Сепак, не ја искористија. Напротив Манчестер Јунајтед славеше на ова гостување со 1:0, а единственииот гол на мечот беше дело на „резервистот“ Пол Погба кој во игра влезе на полувремето.

Во продолжението на мечот тренерот на Милан, Стефано Пиоли фрли се на една карта, минути доби и Златан Ибрахимовиќ кој се опоравува од повредата, но сепак неговиот тим не успеа да постигне гол.