Connect with us

Фудбал

Лукаку доби повик од Мартинез, но Интер веројатно нема да го пушти

Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберт Мартинез го објави списокот на фудбалери за квалификациските мечеви за СП. Белгија ја очекуваат дуелите со Велс, Чешка и Белорусија, а на списокот се најде и Ромелу Лукаку. Сепак, се поставува прашањето дали Интер ќе му дозволи да отпатува и одговори на репрезентативните обврски со оглед на тоа дека имаат четворица позитивни случаи на Ковид 19, поради што мечот со Сасуоло е одложен. Наводно Интер веќе им порачал на своите фудбалери дека нема да ги пушти да играат за репрезентација овој месец токму поради превентива од ковид 19.