Фудбал
Алегри конечно призна, го одбил најтрофејниот клуб во Европа
Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимилиано Алегри, кој се уште е без работа, конечно во едно интервју го призна она што многу медиуми го пишуваа. Тоа е дека имал покана од Реал Мадрид да седне на нивната клупа.
-Пред три години ми се јавија од Реал Мадрид, но му ветив на Јувентус дека ќе останам. Ова беше единствената понуда што ја одбив. Сега е невозможно е да се зборува за враќањето во Јувентус, изјави Алегри.
Алегри е без работа од 2019-та година, кога доби отказ во Јувентус, каде работеше пет сезони. Претходно четири години беше на клупата на Милан. Со „Росонерите“ има една, а со Јувентус пет титули.