Фудбал
ФОТО: Босанскиот не му оди најдобро на Ибра, но барем се потруди со посветата за противнички фудбалер
Милан ја совлада Фиорентина на гостински терен со 3:2 и колку толку останува во трката со Интер за првото место на табелата. Сега „Росонерите“ имаат шест бодови помалку, но натпревар повеќе од градскиот ривал.
Само што се опорави од повредата, Ибра одигра цел меч и беше стрелец на првиот гол за Милан.

По мечот, му даде специјален подарок на противничкиот фудбалер од Фиорентина, Флаховиќ. Имено, Ибра му подари дрес од Милан со посвета, која ја напиша на босански јазик. Иако не му оди баш најдобро босанскиот, сепак важно се потруди.
Како што е познато, таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ е роден во БиХ, односно во градот Бјељиња, па токму тој го учи босански за колку толку да го знае мајчиниот јазик.