Фудбал
Медиумите контра директорот: Роналдо е на продажба и тоа по ниска цена!?
Иако спортскиот директор на Јувентус, Паратиќи изјави дека одлуката е донесена и дека Кристијано Роналдо останува, сепак медиумите со контра вести. Португалскиот „OJOGO“ објави дека Роналдо заминува во летниот преоден рок и покрај тоа што има важечки договор со Јуве до 2022-ра година. Наводно двете страни ќе се разделат за „само“ 25 милиони евра, а прва опција е враќање во Реал Мадрид.