Connect with us

Фудбал

„Елмас е најопасниот на Македонија, не Пандев“

Македонската фудбалска репрезентација утре вечер со почеток во 20:45 часот ги стартува квалификациите за пласман на СП во Катар во 2022 година. Првиот меч е на гостински терен против Романија. Освен Адеми, Тричковски кои се повредени и Зајков, Костадинов кои имаат коронавирус, останатите се на располагање на селекторот Игор Ангеловски. Тука се најдобрите, Пандев, Елмас, Барди, Алиоски и останатите.

Но, во пресрет на овој меч интересна изјава даде асистентот на селекторот на Романија, Никола Дика, кој ќе биде на клупата на оваа селекција за утрешниот меч, бидејќи селекторот Радои се уште е позитивен на Ковид 19.

-Пандев е многу важен играч на Македонија, но најопасниот фудбалер во нивната селекција е Елиф Елмас. Игра во Наполи, и во последните 30 метри знае да направи разлика на теренот. Ќе треба него да го сопреме, вели Дика.

Според него ова е важен меч за Романија, ќе биде тежок, но сепак се надева на крајот дека тие ќе се радуваат и ќе ги стартуваат квалификациите со победа.