Фудбал
ФОТО: Одиме на победа во Романија, тука е и „лавот“ Аријан Адеми
Македонската репрезентација со чартер лет отпатува утрово во Букурешт, Романија каде утре вечер ќе ги отвори квалификациите за пласман на СП во 2022 година. Атмосферата е одлична, тоа се виде од тренинзите, но и од авионот од каде е објавена и фотиграфија. Од неа може да се забележи дека во експедицијата е и секогаш бробениот, „лавот“ Аријан Адеми, но сепак капитенот на Динамо Загреб нема да настапи веројатно против Романија бидејќи има мала повреда. Можно е, иако не е сигурно да биде подготвен за Лихтенштајн, меч кој се игра во недела во Скопје.