Фудбал
Македонија вечерва против Романија ги стартува квалификациите, еве каде ќе има директен пренос
Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток во 20:45 часот и гостува на Романија во рамките од првото коло од квалификациите за пласман на СП следната година во Катар. Селекторот Игор Ангеловски за овој меч не може да смета на Адеми, Тричковски, кои се повредени, како и на Зајков и Костадинов кои добија позитивни тестови на Ковид 19.
Романија е фаворит на овој меч, но сепак нашите момци најавуваат дека ќе сторат се да се вратат со позитивен резултат.
Директен ТВ пренос ќе има на Спортклуб 3, а оние кои немаат ваков канал, секако ќе мора да бараат алтернативни решенија како што се интернет стримови.

Во недела Македонија на домашен терен игра против Лихтенштајн, додека овој мини квалификациски сицклус го завршуваме на 30-ти против Германија во Дуизбург.