Фудбал
ФОТО: Ова е изборот на Ангеловски, со овие 11 “лавови” тргнуваме против Романија
Македонија за неколку минути ги стартува квалификациите за пласман на СП кое треба да се одигра следната година во Катар. Првиот меч го играме на гости против Романија, а познат е и почетниот состав. Пандев и Несторовски во нападот, зад нив Елмас, во средината Барди и Николов, бекови се Алиоски и Ристовски, а стоперското трио е Ристевски, Муслиу, Бејтулаи. На голот Димитриевски. Да посакаме триумф.