Фудбал
Каков е тој спектакл без публика, УЕФА со одлична вест, најави присуство на навивачи во финалето на Лигата на шампионите
УЕФА планира на финалето на Лигата на шампионите кое ќе се одигра на 29-ти мај во Истанбул да има навивачи. Па, каков би бил тоа спектакл без публика. Поради пандемијата со коронавирусот, како што е познато само во мал број држави има ограничен број на навивачите на стадионите, во останатите земји целосно е забрането присуство на публика.
Сепак, во мај во Истанбул ќе има навивачи. Конечната одлука за присуство на навивачите ќе биде донесена по состанокот со турската влада, но УЕФА и тоа како е оптимистична дека дел од трибините ќе бидат пополнети. УЕФА ги извести четвртфиналистите од најелитното клупско натпреварување дека барем 9.000 навивачи би требало да присуствуваат на финалето, а дел од влезниците ќе добијат навивачите на двата финалисти. Навивачите ќе бидат внимателно избрани, а своите влезници ќе ги добијат електронски, односно во слободна продажба нема да има влезници.