Фудбал
Селекторот на Португалија: Судијата ми се јави откако ја видел снимката, ми рече…
Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош во изјава за медиумите вели дека главниот судија на мечот со Србија, кој не виде чист гол за победа на Португалија (мечот заврши 2:2) му се јавил.
-Судијата Дани Макели ни се извини после мечот. Рече дека му е незгодно. Бев во соблекувалната заедно со него и се извини. На теренот рече дека ќе ги види снимките, и доколку биде гол ќе се јави и ќе се извини, така и беше. Ова е втор пат да ни се извинуваат судии после мечот. Судиите се луѓе и грешат, но затоа е ВАР и гол линија технологиите, да се избегнат ваквите работи, изјави Сантош.