Connect with us

Фудбал

Егзодус во Реал Мадрид, шестмина пречкртани, за да се купат две млади ѕвезди

За да ослободи простор, но и да собере пари за двајца млади голгетери, Реал Мадрид ќе се ослободни од шестмина играчи со високи плати. Прв на листата е Герет Беј, за кој одамна нема место во Мадрид, потоа следува капитенот Серхио Рамос, кој никако да најде заеднички јазик за нов договор поради високите побарувања, па Еден Азар, кој поради се почестите повреди е на продажба за околу 50 милиони евра, но на листата за заминување ќе се најдат Рафаел Варан, Иско и Марсело.

Со ослободувањето на овие фудбалери, Реал Мадрид би требало да има доволно пари за купување, но и за платите на двајца млади напаѓи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

Останува да се види дали оваа мисија на „Кралевите“ ќе успее.