Connect with us

Фудбал

Несторовски се извини за пцуењето и порача: Каква и да биде одлуката на селекторот, ќе ја прифатам

Напаѓачот на репрезентацијата на Македонија Илија Несторовски кој синоќа по голот од пенал против Лихтенштајн пријде до камерата и почна да пцуе, гестикулирајќи со прстот на устата како порака за тишина, денеска се извинува. Тој синоќа веднаш по мечот преку социјалните мрежи порача дека пцуењето било наменето за три лица, чии имиња не откри, но рече постојано се заканувале на него и неговото семејството.

-Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се упатени на јавноста. Не се упатени на јавноста, но како што веќе реков, на одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или од резултатот, туку го направив со студена глава. За мене, Македонија е над сè, вели Несторовски и притоа додава:

-Каква одлука и да донесе селекторот, секако дека ќе ja прифатам! Уште едно извинување и напред Македонија.