Connect with us

Фудбал

Селекторот Ангеловски го „избриша“ Несторовски, кој ќе го замени на дуелот со Германија?!

Селекторот Игор Ангеловски соопшти дека откако ја прегледал снимката, одлучил да го отстрани напаѓачот Илија Несторовски за пресметката со Германија на 31-ви март. Одлуката доаѓа откако напаѓачот на Удинезе, во директен тв пренос, по голот против Лихтенштајн (5:0) пцуеше. Иако Несторовски се извини и рече дека навредата била наменета за три лица кои се заканувале на него и неговото семејство, сепак селекторот Ангеловски донесе одлука бидејќи како што вели вакво однесување е неприфатливо.

Сепак, се поставува прашање кој ќе го замени Несторовски. Засега нема одлука за повикување на друг фудбалер, а најверојатно од првата минута со Горан Пандев ќе започне Александар Трајковски кој на два меча, против Романија и против Лихтенштајн постигна три голови. Ја тресеше мрежата на гостински терен на Романија, а против Лихтенштајн во победата од 5:0 постигна два голови. Ова покажува дека Трајковски е во добра форма, па сигурно дека со Пандев ќе го сочинува нападот против Германија. Мечот се игра на 31-ви март во Дуизбург со почеток во 20:45 часот.