Фудбал
Дали забележавте што направи Лукаку откако топката ја мина линијата?
Интер во саботата ја совлада Болоња на гости со 1:0, а голот на одлуката го постигна Ромелу Лукаку.
Одличниот Белгиец го води Интер до Скудето, а откако топката ја мина линијата и влезе во голот на Болоња, Лукаку реши да се пошегува со Кристијано Роналдо, чиј чист гол во Белград беше поништен минатата недела.
„Само за да се осигурам дека ја премина гол линијата“, напиша Лукаку со фотографија од моментот кога тој постигна гол.
Just making sure it goes over the line … pic.twitter.com/3YrCjTEaz6
— R.Lukaku Bolingoli9 (@RomeluLukaku9) April 3, 2021