Фудбал
Вечерва меч за одлука за Адреа Пирло?!
Јувентус вечерва на домашен терен со почеток во 18:45 часот го пречекува Наполи. Ова е меч од 3.коло од Серие А, кој на почетокот на сезоната не се одигра поради голем број на позитивни случаи на коронавирус во тимот од Неапол. Италијанските медиуми пишуваат дека ова е меч за одлука за иднината на Андреа Пирло. Наводно доколку доживее пораз Јувентус, големи се шансите да заврши епизодата на Андреа Пирло на клупата на „Старата дама“. Со победа, секако ќе го продолжи неговиот престој во Торино барем до крајот на сезоната.