Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Модриќ до Пике-Чекаше да почнеш да плачеш!

Реал Мадрид синоќа ја совлада Барселона со 2:1 во „Ел Класико“ и изби на првото место на табелата, се разбир барем додека Атлетико Мадрид не го одигра својот меч од оваа коло. Беше ова одличен натпревар на двата големи ривали, а колку само се ривали покажува и односот на фудбалерите по завршувањето на мечот.
Имено, Жерар Пике, кој поради повреда беше на клупата на Барселона, по мечот се доближи до судијата во обид да му дофрли нешто. Во близина беше и Лука Модриќ од Реал Мадрид кој при поздравувањето му порача.
-Чекаше за да почнеш да плачеш?
Потоа, Пике му одговори дека само четири минути судијата го продолжил мечот, на што Модриќ го праша, а ти колку би продолжил.