Connect with us

Фудбал

Почна „распадот“ и во Италија, се огласи Интер: Не сме повеќе дел од Суперлигата

Откако шесте англиски клубови доцна синоќа се повлекоа од Суперлигата, „распадот“ почна и во Италија. Прв од трите клубови се огласи Интер.

-Интер Милано потврдува дека Клубот повеќе не е дел од проектот Супер лига. Ние секогаш сме посветени на навивачите, да им го дадеме најдоброто фудбалско искуство; иновациите и вклученоста се дел од нашата ДНК уште од основањето. Нашиот ангажман со сите засегнати страни за подобрување на фудбалската индустрија никогаш нема да се промени, пишува во клушското соопштение.

Се очекува истото да го сторат во текот на денот Јувентус и Милан. Особено, откако првиот човек на „Старата дама“ Андреа Ањели изјави дека Суперлигата не е можна без англиските тимови.