Фудбал
ВИДЕО: Правдата задоволена, ниту ВАР не можеше да го спаси Ливерпул од нова „шлаканица“ на домашен терен
Ливерпул попладнево доби уште една „шлаканица“ на домашен терен. Овој пат остана без победа против Њукасл, благодарејќи на гол примен во судиското продолжение. Ливерпул одлично го отвори резултатот. Поведе по само три минути игра со голот на Мухамед Салах. Имаа шанса домаќините за нов гол во 27-та минута, но Мане иако беше сам со голманот не погоди бидејчи се одлучи да дрибла. Две минути подоцна зицер имаше и Жота.
Во финишот на мечот Ливерпул пропушти две добри шанси. Прво покрај голот шутирапе Салах во 74-та, а десет минути подоцна Мане повторно се најде сам со голманот на Њукасл кој повторно излегува поуспешен.
Кога сите очекуваа крај, гостите постигнаа гол за 1:1. Во 93-тата минута со голот на Вилсон погоди за израмнувње. Но, ВАР со крајно дискутабилна одлука го поништува голот на гостинскиот тим. Сепак, Ливерпул не победи на овој меч, бидејќи три минути подоцна Вилок сјајно погоди за 1:1 по одличната акција на гостите.