Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид – Челзи, полуфинале во ЛШ на два бунтовника кои сакаа да го уништат ова натпреварување

Вечерва на програмата е првото полуфинале во ЛШ. Се среќаваат Реал Мадрид и Челзи. Фаворит секако е „Кралскиот“ клуб, но не спее да се отпише ниту тимот од Лондон, бидејќи играта и резултатите се стабилизирани по доаѓањето на Томас Тухел на клупата.

Интересно е и тоа што ова ќе биде пресметка на два бунтовника. Како што е познато Челзи беше, па отстапи од идејата за формирање на Суперлигата. Додека Реал Мадрид, заедно со Јувентус и Барселона се уште се поборници на формирањето на Суперлигата, во која би играле само големите, односно богатите клубови. Таа идеја за Суперлигата ќе ја уништеше Лигата на шампионите, а впрочен тоа беше и целта, парите пред се.

Еве што изјавија тренерите пред овој натпревар.

-Мораме да бидеме фокусирани, концентрацијата не смее да ни попушти ниту еден момент бидејќи Челси тоа го казнува. Одбраната ќе биде клучот за успехот, но сакаме да победиме и верувам дека можеме и знаеме како да дојдеме до посакуваното, вели Зидан.

– Не очекувајте од нас некој луд натпревар, но очекувајте од нас да бидеме на највисоко можно ниво. Доколку не ви е јасно, очекувајте го Челси кој е гладен за добар резултат. Не сме во полуфиналето поради политички одлуки туку поради тоа што го заслуживме со нашите игри, порача Томас Тухел.

Реал Мадрид последен пат во полуфиналето играше 2018 година кога и ја освои титулата.

Од друга страна, во Челси се свесни дека ова е само прво полувреме од полуфиналната пресметка.