Фудбал
ВИДЕО: Погба постеше за време на мечот со Рома, а пред соблекувалната го дочека шок: Што? Пак, јас…
Фотографиите од Пол Погба, како за време на натпреварот со Рома во еден момент крај аут линијата пие вода и на тој начин го завршува постот за тој ден во светиот месец на муслиманите Рамазан, го обиколија светот. Како што е познато, имаат напорни тренинзи, напорни мечеви, но голем дел од фудбалските ѕвезди кои се со исламска вера, одлучуваат да постат.
Погба одигра солидно на тој меч, постигна и гол во победата од 6:2 против Рома. Но, на патот кон соблекувалните го дочека шок. Имено, Погба мораше да оди на допинг тест. Тоа секако не му се допадна на Французинот, а неговата реакција доволно говори.
Paul Pogba’s hilarious reaction to a doping test ? pic.twitter.com/HlrqgUWV0K
— ORohitO (@ORohitO) April 30, 2021