Connect with us

Фудбал

ФОТО: Турците го пронајдоа новиот македонски фудбалски дијамант?!

Бесар Гуџуфи,16-годишниот македонски фудбалски талент, е новиот македонски дијамант, односно Елиф Елмас. Барем така тврдат Турците.  Гуџуфи игра на левата крилна позиција, добро се снаоѓа во нападот и во одбраната. За него се заинтересирани Трабзонспор, Бешикташ, но и Динамо Загреб.

Гуџуфи го носи дресот на Беласица, но е играч кој беше дел од младинската академија на Вардар, тим од кој избегаа сите таленти поради пропаѓањето и долговите.

Турците велат дека Бешикташ направил понуда од 400 илјади евра до клубот за Гуџуфи. Трабзонспор ги следи процедурите бидејќи Гуџуфи не може да прави трансфери според правилата на ФИФА поради неговата возраст. Раководството на Бордо-сините допатувале во Македонија на средба со претставници на клуботи и семејството на Гуџуфи.

Исто така, беше наведено дека овој трансфер може да се комплетира со околу 500.000 евра со вклучен надоместок за обука, но македонскиот играч не може да игра додека не наполни 17 години.

Турците го споредуваат со Елиф Елмас кој остави голема трага во Фенербахче. Како што е познато во 2017-та година го купи од Работнички за 180 илјади евра, а две години подоцна го продаде на Наполи за речиси 17 милиони евра.

Трабзонспор прави слични планови за Гуџуфи.