Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед во проблеми, ФА го истражува упадот на „Олд Трафорд“, можни се казни

Фудбалската асоцијација на Англија го истражува упадот на навивачите на „Олд трафорд“ поради кој дербито помеѓу Јунајтед и Ливерпул не се одигра. Доколку се утврдат пропусти на Јунајтед, како домаќин, тогаш му се заканува казна. Најголемата и најдрастичната би можеа да биде одземање на бодови.

Оваа сезона Јунајтед игра добро. Се наоѓа на второто место и ќе се пласира во ЛШ. Но, доколку му бидат одземени бодови, тогаш второто место можеби нема да биде загарантирано.

Инаку, навивачите на Јунајтед вчера упаднаа на „Олд Трафорд“ и бараа оставка од семејството Глејзер, кои се сопственици на клубот нешто повеќе од деценија ипол. Чашата ја прели одлуката, а која подоцна беше повлечена, за учество во Суперлигата само поради финансиска корист.