Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Турција, Алиоски веќе потпишал, ама се плаши од реакцијата на навивачите на Лидс?!

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски од идната сезона ќе настапува во турското првенство. Како што пишуваат турските медиуми тој веќе потпишал преддоговор со Галатасарај, сепак таа информација наводно се чувала во тајност на барање на Алиоски кој се плашел од реакцијата на навивачите на Лидс. Информациите ќе бидат официјално објавени по завршувањето на сезоната.

Алиоски ја одбил понудата од Лидс за продолжување на договорот затоа што била премала, па после четири години во англискиот клуб се решил да направи промена. Понудата на Галатасарај како што се наведува била најпривлечна и најдобра.