Connect with us

Фудбал

ФОТО: Последната порака на Меси до Бартомеу-Повторно ме за*баваш по ѓаволите!

Лионел Меси се уште не го продолжил договорот со Барселона. Има преговори, но повеќе детали нема. Тука секако се надеваат ПСЖ, па и Манчестер Сити, кои би можеле да го добијат волшебникот за нула евра обештетување.

Но, шпанските медиуми се навраќаат на времето кога Меси сакал да си замине од Барселона, а тоа е пред почетокот на оваа сезона. Тогаш претседател беше Жозеп Бартомеу, можеби главната причина поради која Меси сакал да замине.

Ја открија и последната порака на Меси до Бартомеу, кога Аргентинецот дознал дека овој нема да му го раскине договорот како што бараше тој.

-Повторно ме за*баваш, по ѓаволите“, му напишал Меси на тогашниот претседател. Ова била нивната последна комуникација, а по оставката на Бартомеу Меси видно бил расположен и го сменил мислењето за заминување по секоја цена.